Европски ден на знамето 2018

Размената на македонското знаме и знамето на Европската унија е традиционален настан кој го организира ЕДРМ. Годинава, на 5 мај, голем број планинари, ученици од основните училишта (Општина Аеродром) активисти од ЕДРМ, како и поширока група на граѓани, направија колона со знамињата на Република Македонија и Европската унија искачувајќи се на врвот на планината Водно. Претседателот на ЕДРМ, Ѓуровска, со претставник на ЕУ ја предводеа колоната. Планинарите покажаа многу енергија и ентузијазам што го освоија врвот и присуствуваа на овој симболичен чин меѓу Европа и Македонија.

По двочасовното искачување, групата облечена во различни бои на маички се искачи до врвот поставувајќи ги двете знамиња на врвот на Водно. Од тој момент сонцето и ѕвездите почнаа да светат заедно на небото.