Кафе дебата 2018

По повод одбележување на Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија организираше кафе-дебата со наслов „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“. Дебатите од овој вид кој веќе станаа традиција на ЕДРМ даваат можност, во спонтана атмосфера и без напишани говори, да се дискутираат прашања за кои јавноста покажува особен интерес.

Темата на која се дискутираше на кафе дебата е поврзана со одбележувањето на 70 годишнината од одржувањето на „Конгресот на Европа„ во Хаг – 1948 година. Европската унија низ својата историја поминувала низ различни етапи. Секоја нова етапа означувала потреба од промени и градење на нови темели за нејзината натамошна градба. Таа денес се наоѓа пред еден нов предизвик поврзан со барањето на нови перспективи – исклучително значајни за нејзината иднина. Во рамките на дискусијата се дискутираше и прашањето за проширувањето во Новата визија за Европа.

Говорници:

Бујар Османи, Заменик на Претседателот на Владата на Република     Македонија задолжен за европски прашања.

Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Македонија.

Ив Бертончини, Претседател на Еевропско движење на Франција.

Нано Ружин, Ректор на ФОН Универзитетот.

Модератор:

Милева Ѓуровска, Претседателка на Европското движење во Република Македонија.