Кафе дебата: Кризата на демократијата и демократија во кризата, Одржана на 14.04.2016, Кафе-галерија Тренд

На кафе дебатата која се одржа  14.04.2016 , во кафе галеријата Тренд (Плоштад) се зборуваше за: Кризата на демократијата и демократија во кризата.  Тоа е втора по ред манифестација во реализацијата на Програмата за одбележување на Денот на Европа 9 Мај 2016 година.  Говорници беа: Проф. д-р Гордна Силјановска, Проф. д-р Љупчо Цуцуловски, проф. д-р Нано Ружин, Д-р Мухамед Халили, проф д-р Милева Ѓуровска (модератор). Меѓу другото беше истакнато дека современата претставничка демократија се соочува со сериозна криза на Европско ниво, но и на светско ниво, која се поврзува со немоќта на граѓаните. Од страна на сите учесници беше истакато дека почитувањето на правото е „животна средина„ на демократијата. Исто така, користејќи го вокабуларот на општествените науки и сондирајќи подлабоко во историјата на општествата се зборуваше за длабоката политичка криза која го потресува нашето општество, особено за случувањата поврзани со тоталната суспензија на правниот поредок  со аболицијата од страна на Претседателот.

12961740_997678130270151_1917397934556506535_n 12963879_997678190270145_8542221265683771399_n 12993407_997678193603478_5394567999273611485_n 12974276_997678256936805_3959656579426488157_n13010614_997678380270126_5026739107221784572_n 13010740_997678250270139_5898168127159836567_n