Кафе – дебата „Култура и уметност на демократија„

Со оваа кафе дебата на тема: Културата, уметноста и демократијата, Европското движење ја продолжи традицијата на одржување на спонатани дебати без напишани говори и без интелектуални бариери. Целта на оваа дебата беше да се разгледаат некои аспекти кои ги поврзуват културата, уметноста и демократијата. Меѓу прашањата кои уште на самиот почеток ги постави модераторот Милева Ѓуровска беа: Дали демократијата навистина има потреба од култура? На кој начин и што најмногу влијае врз оформувањето на политичката култура? Колку слободата на уметниците придонесува за развојните процеси на едно општество?

Во однос на темата, најпрво се осврна Антоанела Петковска, која укажа на нејзината постојаната актуелност и дека состојбите во културата ја одразуваат состојбата во политиката, и обратно. Несоменена е поврзаноста меѓу уметноста и културта и нашето општество е класичен случај каде оваа поврзаност е директна, видлива и претставена во секој сегмент на она што претставува културно творештво.

Ило Трајковски се осврна на политичката култура во плурални општества какви што се современите општества.  Според него демократијата не е можна без луѓето да бидат подигнати на едно повисоко културно рамниште, а тоа претпоставува дека луѓето имаат пристап до културата од материјален и духовен карактер.

Маестро Борис Трајанов својата дискусија ја започна со констатацијата дека човекот е суштество кое создава, а демократијата, исто така можеме да ја сфатиме како култура, како творештво што ја создаваат луѓето во времето и просторот. „Ние сме чувари на времето и наследството на овој простор и културата никогаш не треба да ја прифатиме како своја, како сопственост на само една генерација. Како да се доближи ова сфаќање до обичниот човек кој е преокупиран со секојдневни потреби и проблеми. Што е потребно да се направи  за културата да може да биде препознаена како цивилизациска придобивка. Само еден пример ќе одговори на ова прашање. Во Германија по Втората светска војна прво што се изградило биле болниците и театрите со што се потенцира потребата од култура на населението„ –истакна Трајанов.

Виктор Лилкиќ истакна дека уметноста го следи општеството уште од самиот почеток на неговото настанување. Ние имаме моќно културно наследство и датира некаде длабоко во историјата. На прашањето: Што е она што ги спојува културата и демократијата тој одговори дека растењето на државата не оди паралелно со растењето на културата.  Во општества во кои е воспоставен систем на доминација на државата, нема простор за културен развој. Во такви случаи културата станува инструмент за остварување на политички цели  т.е. за репродукција на владеењето.

 

Public Public Public Public