Конференција „Идентитетот и европската интеграција во чест на Димитар Мирчев“

Институтот за Социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Европско движење организираше онлајн конференција во чест на Проф. Д-р Димитар Мирчев – Универзитетски професор, Дипломат и интелектуалец, која се оддржа на 24.07.2020 и беше посветена на оживување на напредните идеи и на Европската интеграција во национален контекст. Насловот на конференцијата е: „Идентитетот и европската интеграција – во чест на Димитар Мирчев“. Оваа тема беше темата на која Проф. Д-р Мирчев ги посвети последните 10 години од неговиот живот, што резултираше со неколку публикации, вклучувајќи и книга насловена: „Балкански мега-етникум, националните доктрини на македонските соседи“, која беше преведена на неколку јазици.

 

Конференција „Идентитетот и европската интеграција во чест на Димитар Мирчев“

Конференција „Идентитетот и европската интеграција во чест на Димитар Мирчев“

Gepostet von Филозофски факултет – Скопје am Freitag, 24. Juli 2020