Конкурс за избор на најдобра фотографија

Избор на најдобра фотографија на тема: Најдобар европски град.

Го покануваме вашиот Универзитет да биде дел од оваа активност и да ги мотивирате студентите да учествуваат во овој натпревар и да ни испраќаат фотографии.

Фотографиите ќе бидат ставени на нашата Facebook страна European Movement EMMK (https://www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK/) и трите фотографии кои ќе добијат најголем број лајкови ќе бидат наградени со парични награди (Вкупен награден фонд: 250 Евра).

Критериуми за учество:

o          Секој студент може да прати само една фотографија

o          Фотографијата треба да биде фотографирана во некој европски град.

o          На фотографијата треба да биде и студентот.

 

Фотографиите треба да ги доставите на е-маил адресата на Европско движење: secretariat@europeanmovement.org.mk најдоцна до 25 април 2020 година.