Најдобар есеј на тема: „Заедно за иднината на Европската Унија“

Темата на конкурсот беше преземена од општата тематска рамка на одбележување на Денот на Европа која ја постави Меѓународното европско движење (МЕД) со седиште во Брисел. Имено, по Брегзит МЕД имаше засилена граѓанска кампања за заедничко дејствуање во реафирмација на европските вредности и за зголемување на граѓанското учество во натамошната изградба на Европскиот проект. Овој нов пристап беше прифатен од сите национални совети и адаптиран на посебностите на националните услови. Познавајќи ги специфичностите на нашиот национален контекст и преокупираноста на граѓаните со националните проблеми, Конкурсот за најдобар есеј имаше цел да го фокусира мислењето на младите средношколци кон Европската унијаприближувајќи ги кон оваа перспектива.

За да се зголеми интересот на средношколците за есејско пишување беше размислувано за нови мотиватори. Така, во текот на Февруари 2020 се оствари контакт со Амбасадата на Р. Словенија во Скопје и во разговорот со Г-ѓа Уршка Поточник (Овластена Министерка во Амбасадата на Р. Словенија) беше побарано да го подржат овој настан за што беше добиена согласност. Можноста победниците да престојуваат во Словенија на некоја од летните младински школи беше вистински мотиватор за младите. Така на Конкурсот за најдобар есеј пристигнаа 14 есеи – сите со висок квалитет и релевантност што на Комисијата ѝ предизвика значителни дилеми во поглед на изборот. Комисијата е во состав: проф. д-р Милева Ѓуровска, проф. д-р Македонка Радуловиќ и д-р Маја Манчевска ги дадоа следните поени:

Препрочитувајќи ги повеќепати есеите со самостојни оценки на комисијата: беа избрани трите најдобри есеи.

Прво место: Марко Инѓилизов, СОУ,,Гимназија Кочо Рацин’’-Велес (Оценка 14,5/15);

Второ место: Елена Угурова, СУГС Ѓорѓи Димитров – Скопје (Оценка 14/15);

Трето место: Киара Лазиќ, СУГС “Раде Јовчевски -Корчагин” – Скопје (Оценка:13,5/15).

 

Есеите изразуваат исклучително позитивни ставови на младите кон Европската унија која развила фуннкционална формула за да се живее и да се работи заедно. Ингилизов, но и другите есеисти своето рамислување го насочуваат кон прашањето: Зошто РС Македонија не е членка на ЕУ иако таа е дел од Европа, споделува исти вредности и е држава која е аспирантка за члеснтво уште од 2001 година.  Елена Угурова причините за бавното напредување ги гледа во ставот на Европејците дека се „занимаваме и носиме многу непотребни проблеми“ кои според неа би ги снемало автоматски со влегувањето на ЕУ. Меѓутоа, „причините не се во надворешните фактори“, туку во бавното спроведување на реформите истакнува Ингилизов навлегувајќи подлабоко во анализата на општествениот контекст. Имплемтација на законите и политиките ќе ја приближат земјата кон ЕУ, а граѓаните во сопствената држава ќе живеат „европски“. Ингилизов, посветувајќи се целоснона анализата на положбата на младите и нивната улога во јакнење на демократијата повикувајчи ги младите на поголема активност, а политичарите да остват повеќе простор за младите, со јазик и едноставен стил – доличен на возраста и степенот на образовние, ги доби оценките кои му донесоа најмногу поени. Импресионираше воведниот пристап на Угурова која истакна: ,,Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш” со што беше најблису до концептот на темата. Трето пласираната во својот есеј преработи многу историски факти и теми за Европската унија – напишани со перфектен стил и јазик низ кои провејуваа повеќе идеи за значењето на човековите права и демократијата, за младите, за постоечките проблеми на општеството, но и други прашања.

Листа на остантите ученици кои доставија есеи:

Алма Феризи

 

СОУ Гимназија ,,Исмет Јашари,,- Липково
Дејана Димеска СУГС „ Георги Димитров“ – Скопје
Деспина Вангелова СОУ “Љупчо Сантов’’-Кочани
Димитар Стојков СУГС ,,Георги Димитров” – Скопје
Евгенија Пауновска СУГС ,,Никола Карев’’
Елена Кузманоска “Мирко Милески” – Кичево
Кудрет Феризи СОУ Гимназија ,,Исмет Јашари,,-  Липково
Марија Јанева СУГС “Георги Димитров” –Скопје
Марија Ончевска О.С.Е.У “8ми Септември” – Тетово
Симона Блажеска СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“ -Охрид
Ангеловска Стефанија

 

СОУ „Наум Наумовски Борче„ Пробиштип