Конкурс за најдобар есеј: Што е европско, а што е македонско во моето семејство?

К О Н К У Р С

ЗА НАЈДОБРИ СРЕДНОШКОЛСКИ ЕСЕИ НА ТЕМА: ШТО Е ЕВРОПСКО И ШТО Е МАКЕДОНСКО ВО МОЕТО СЕМЕЈСТВО?

Европското движење во Република Македонија кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, традиционално, од своето оформување во 1991 година, го одбележува Денот на Европското обединување, 9 Мај. Во тој контекст е распишувањето на Конкурсот за три најдобри средношколски есеи на тема: ШТО Е ЕВРОПСКО И ШТО Е МАКЕДОНСКО ВО МОЕТО СЕМЕЈСТВО?

Есеите се со слободен состав, во должина од максимум 5 (пет) страници во Microsoft Word, фонт 12, без наведување на извори и литература.

Право на учество на конкурсот имаат учениците од средните училишта во РМ, без оглед на студиската година. Есеите се предаваат на определени предметни наставници кои потоа ги испраќаат до Филозофскиот факултет. На почетокот од есејот потребно е да се наведе името и презимето на ученикот, телефон за контакт, како и името на училиштето. Текстовите треба да стигнат на адресата на Филозофскиот факултет во Скопје, преку пошта или со лична доставница, или на е-маил адреса em.macedonia@europe.com најдоцна до 25 април 2014 година.

Најдобрите три есеи ќе ги избере тричлена жири-комисија именувана од страна на Европското движење во Р. Македонија.

Наградите за најдобри есеи ги обезбедуваат спонзорите на Европското движење во Р. Македонија, а ќе бидат доделени на 9ти Мај 2014 година,  на Свечената академија  по повод празнувањето на Денот на Европа, во Скопје.

Доставувањето на текстовите на есеите е со назнака:

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ – ЖИРИ,

Проф. д-р Константин Миноски

Филозофски факултет – Скопје

бул. Крсте Мисирков б.б., 1000 Скопје

Р. Македонија

Со почит,

ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Проф. д-р Милева Ѓуровска

Претседател на ЕДРМ

em.macedonia@europe.com

Скопје,  март 2014