Kвиз на знаења за Европската унија

На 09.05.2020 година (сабота) на Денот на Европа со почеток во 14 часот, се одржа квиз на знаења за Европската унија. Покана за учество добија сите универзитети во нашата земја. Стручниот тим на Европско движење се погрижи секој од учесниците да се запознае со критериумите за учество, да ги насочи во подготовката на одговите на многубројните прашања поврзани со Европската унија како и подготовки за техничка реализација на квиз-натпреварот.

Квиз за ЕУ

Проследете ја студентската дебата за ЕУ на денот на Европа 9 Мај.

Gepostet von European Movement EMMK am Samstag, 9. Mai 2020

Квизот се реализираше преку електронската платформа Kahoot и беше пренесуван во живо на социјалните мрежи.Учесниците во квизот имаа можност да ги проследат прашањата преку заедничкиот повик на платформата “ZOOM”. Натпреварувачите во квизот ги одговараа поставените прашања преку компјутер или преку мобилен телефон.

Во квизот на знаења за ЕУ учествуваа:

  1. Митра Јанкула од Правен Факултет св. Климент Охридски – Битола,
  2. Никола Чамовски, Факултет за Безбедност – Скопје
  3. Викторија Митевска, Правен факултет Кичево
  4. Ален Умер, Универзитет на Југоисточна Европа
  5. Бојан Лазаревски, Филозофски факултет
  6. Михаил Дивјаковски, Економски факултет – Прилеп
  7. Марио Паунов, Економски факултет – Скопје
  8. Јулијана Дојчиноска, Правен факултет при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович-Державин“ / Одделение Битола
  9. Христо Поп-Димитров, Американ Колеџ
  10. Ангела Мирчевска, Филозофски факултет
  11. Неда Маркоска, Универзитет на Југоисточна Европа
  12. Несибе Ќамили, Тетовски универзитет

 

За сé да се одвива регуларно, се погрижија и членовите на жири-комисијата која беше присутна на квизот во состав:

  1. Проф. д-р Милева Ѓуровска, професор на Филозоскиот факултет при УКИМ во Скопје, воедно и претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија;
  2. Проф. д-р Македонка Радуловиќ, од Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, воедно и потпретседателка на Европското движење во Република Северна Македонија;
  3. Елена Гачева, заменик – генерален секретар во Европското движење во Република Северна Македонија

Членовите на жири – комисијата имаа свое воведно излагање, во кое  ги запознаа учесниците во квизот со активностите на  Европското движење во Република Северна Македонија.

Покрај одговарање на поставените прашања, помеѓу блоковите на прашања учесниците во квизот имаа можност да се претстават себе си, да се запознаат меѓусебно, да разменат искуства поврзани со ЕУ, да ги споделат своите визии и размислувања за перспективите на нашата држава во ЕУ, да претстават што значи ЕУ за нив.

За добивање на повеќе поени во самиот квиз, освен точен одговор се бараше и брзина. Секој побрз точен одговор добиваше повеќе поени. За секое поставено прашање беше одвоено време за размислување од 30 секунди, по што се доделуваа поените и натпреварувачите имаа можност после секое прашање да ја видат моменталната состојба со поени, како и тоа кој има најмногу точни одговори по ред.

Според правилата на квизот, на крајот натпреварувачот со најмногу поени  победи во организираниот квиз.

Најдобрите три натпреварувач(к)и беа наградени од страна на Европското движење во Република Северна Македонија, а вкупниот награден фонд изнесуваше 350 Евра.

По завршување на квизот  беа прогласени и победниците во истиот. Првото место го освои Ангела Мирчевска, од Филозофски факултет – Скопје, со 29 точно одговорени прашања од можни 30, второто место го освои Михаил Дивјаковски, од Економски факултет – Прилеп  со 28 точни одговори од вкупно 30  прашања , а третото место му припадна на Никола Чамовски, од Факултет за Безбедност – Скопје, со точно одговорени 25 од 30 прашања.

Прворангираната натпреварувачка освои парична награда во вредност од 200 евра, второпласираниот во вредност од 100 евра и треторангираниот натпреварувач освои награда од 50 евра.

На самиот крај на квизот натпреварувачите имаа можност да го споделат своето мислење за учеството во организираниот квиз, а честитки им упатија и членовите на жири- комисијата кои ја искористија приликата да ги поздрават и да им посакаат успех во нивните понатамошни ЕУ перспективи.