Квиз на знаење за Европската Унија 2021

На 09.05.2021 година (недела) на Денот на Европа со почеток во 14 часот, се одржа квиз на знаења за Европската унија. Покана за учество добија сите универзитети во нашата земја. Тимот на Европско движење се погрижи секој од учесниците да се запознае со критериумите за учество, да ги насочи во подготовката на одговорите на многубројните прашања поврзани со Европската унија како и да се подготви техничката реализација на квиз-натпреварот.

 

Квизот се реализираше преку платформата Kahoot и беше пренесуван во живо на социјалните мрежи. Осумте учесниците во квизот имаа можност да ги проследат прашањата преку заедничкиот повик на платформата “ZOOM”. Натпреварувачите во квизот ги одговараа поставените прашања преку својот мобилен телефон.

За сé да се одвива регуларно, се погрижија и членовите на жири-комисијата која беше присутна на квизот во состав:

  1. Проф. Милева Ѓуровска, професор на Филозоскиот факултет при УКИМ во Скопје, воедно и претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија;
  2. Проф. Констанин Миноски, член на Европско движење
  3. Маја Манчевска, член на Европско движење

На почетокот присутните учесници ги поздрави Проф. Ѓуровска, запознавајќи ги учесниците во квизот со активностите на  Европското движење во Република Северна Македонија.

Покрај одговарање на поставените прашања, помеѓу блоковите на прашања учесниците во квизот имаа можност да се претстават себе си, да се запознаат меѓусебно, да разменат искуства поврзани со ЕУ, да ги споделат своите визии и размислувања за перспективите на нашата држава во ЕУ, да претстават што значи ЕУ за нив.

За добивање на повеќе поени во самиот квиз, освен точен одговор се бараше и брзина. Секој побрз точен одговор добиваше повеќе поени. За секое поставено прашање беше одвоено време за размислување од 60 секунди, по што се доделуваа поените и натпреварувачите имаа можност после секое прашање да ја видат моменталната состојба со поени, како и тоа кој има најмногу точни одговори по ред.

Според правилата на квизот, на крајот натпреварувачот со најмногу поени победи во организираниот квиз.

Најдобрите три натпреварувач(к)и беа наградени од страна на Европското движење во Република Северна Македонија, а вкупниот награден фонд изнесуваше 350 Евра.

По завршување на квизот беа прогласени и победниците во истиот. Првото место го освои Теа Цветановска, од Американ Колеџ, со 29 точно одговорени прашања од можни 30, второто место го освои Игор Талески, од Филозофскиот факултет во Скопје, со 28 точни одговори од вкупно 30  прашања , а третото место и припадна на Александра Сипковска, со точно одговорени 28 од 30 прашања, но со поспори одговори.

На самиот крај на квизот натпреварувачите имаа можност да го споделат своето мислење за учеството во организираниот квиз, а честитки им упатија и членовите на жири- комисијата кои ја искористија приликата да ги поздрават и да им посакаат успех во нивните понатамошни ЕУ перспективи.