Ликовен натпревар „ Моите соседи како мои пријатели„

Европско движење во Република Македонија во соработка со општината Аеродром и Капитол мол денес реализраа прекрасен настан во кој учестуваа деца од предшколска возраст и ученици од сите нивоа на основните училишта. Преку ликовни вештини децата ги изразуваа своите размислувања на темата: Моите соседи како мои пријатели. Во цртежите со многу весели бои и убавите детали за споделувања на соседските пријателствата започна одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа. Комисијата имаше тешка задача да ги избере трите најдобри цртежи. Сепак, сите беа задоволни од настанот. Благодарност до сите чинители кои го овозможија овој настан, но посебна благодарност до децата кои со голем ентузијазам се обидуваа да го дадат најдоброто од себе.

Public Public Public Public