Ликовен Натпревар „Мојот омилен град во Европска Унија“

Европското движење во соработка со ООУ ,,Крсте Мисирков,, од Гевгелија и Општина Гевгелија ја реализираше активноста Ликовен хепенинг на 9 Мај 2019, со почеток во 11:00 часот на Градскиот плоштад во Гевгелија со вештите рачиња  на 22 ученика, во присуство на гевгеличани минувачи и градоначалникот на Општина Гевгелија  Сашо Поцков.

На плоштадот со трактор беа носени 10 клупи, пано, музичко појачало за гласна музика,  макета  на Ајфеловата кула – направена од рециклиран материјал (тапи од шишиња) пак од вештите раце на учениците под менторство на поранешниот наставник , а сегашен Директор Михаил Петров.

Победници на ликовниот натпревар беа: Марија Џинова од VI б одд, Теодора Ставрова од VI б одд и Антонија Пантзартзи Караџова од IV а одд

Учениците твореа цртежи со некои европски градови: Париз, Лондон, Венеција… Гевгеличани на поминување низ центарот застануваа и ги гледаа цртежите на нашите ученици, пропратени со гласна музика од познати европски пејачи. Учениците цртаа на блокче со дрвени бои, водени бои и темперни бои кои беа обезбедени од Европското движење. Детската радост и задоволство беше насекаде околу нас и имаа сокче за освежување.

 

Public Public Public Public