На 19ти Октомври во Конгресната сала на хотелот „Александар Палас“ се одржа Втората регионална експертска конференција во рамките на проектот „Правдата нека владее со Регионот“ – поддржан од Кралството Холандија (MATRA). Проектот опфаќа прашања од Кластер-1 „Фундаментални вредности“ и има за цел да придонесе кон реформите во правосудството кои се темел за усвојување на европските вредности во општествените практики.
Фокусот беше ставен врз состојбите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ интегративните процеси во трите земји – Албанија, Северна Македонија и Србија.
Имаше голема медиумската заинтересираност, секој со свој посебен интерес. Погледнете ги дел од нив:
- Медиумска информативна агенција (МИА)
- Канал 5 ТВ
- Сакам да кажам
- Независен весник











