По повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија организра дебата од неформален карактер со претставници од различни домени (политиката, културата, науката, уметноста). Во амбиент поразличен од оној во кој вообичаено се водат дебатите, под покровителство на НЕ Амбасадорката на Франција во Р. Македонија Laurence Auer и НЕ Амбасадор на ЕУ во РМ Аиво Орав, ќе се разгвара за предностите и обврските од членувањето во Европската унија. Се очекува на овој настан да учествуваат добитниците на титулата Европска личност на годината која секоја година е доделувана од страна на ЕДРМ како и видни уметници, спортисти и други приврзаници на идејата за европското обединување.