Натпревар за најдобар цртеж 2018

Европското движење во Република Македонија во соработка со Општина Аеродром организираше натпревар за најдобар цртеж на тема Мојата порака до Европа. Оценувањето на цртежите се одржа на 25.04.2018 година. Имено, комисијата составена од: д-р Маја Манчевска, Проф. д-р Милева Ѓуровска, Проф.д-р Јадранка Мрсик, направи избор, селекција на најдобрите цртежи.

По повод 9 мај , Денот на Европа на 25 април 2018 година, во “Капитол мол” беа доделени наградите за најдобрите цртежи на тема “Мојата порака до Европа”. Во категоријата предучилишна возраст, наградата за прво место ја зеде Катина Аговска од детската градинка Буба Мара објект Пчеличка 2, во категоријата училишна категорија наградата ја доби Миа Караџовска од Vв од ОУ “Димитар Македонски” и во категоријата на повисоките паралелки наградата ја доби Моника Стојковска од IХБ од ОУ “Браќа Миладиновски”.  Тие, исто така, добија пофалници за уметничките дела кои беа особено инспиративни. Имено, целта на овој настан не е само да се развие детска уметничка креативност и инвентивност, туку и младите луѓе од Општина Аеродром да се доближат до европските вредности.