Натпревар за најдобра куса аматерска театарска претстава на тема: Европската унија за сите генерации

На 05.05.2012 година, на Филозофски факултет во Скопје ќе се одржи избор на најдобра драмска училишна претстава. Пријавени се драмските секции на седум средни училишта (Скопје, Прилеп, Битола). Изборот ќе го изврши стручна комисија од Факултетот за драмски уметности и членови на ЕДРМ. Прво избраното драмско дело ќе биде претставено на Свечената академија која ЕДРМ ја организира по повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа (10.05.2012, во 18:00 ч.) во Младинскиот културен центар во Скопје.