Онлајн студентска дебата на тема: „ Искуствата од Еразмус плус размените“

Онлајн студентската дебата на тема: „ Искуствата од Еразмус плус размените“ се реализираше преку web платформата “Zoom” на 05.05.2020 година и на неа учестуваа студенти од повеќе универзитети: Универзитетот св. “Кирил и Методиј”, Државниот Тетовски Универзитет, Меѓународниот Славјански Универзитет, Универзитетот Американ Колеџ и Економскиот факултет во Прилеп.  Дебатата ја модерираше проф. д-р Македонка Радуловиќ, потпредседател на Европското движење во РСМ. Дебатата беше пренесувана во живо на Facebook страната на Европското движење(European Movement-EMMK).

Студентска дебата на тема на тема: Искуствата од Еразмус плус размените

Студентска дебата на тема на тема: Искуствата од Еразмус плус разменитеЦелта на оваа дебата, која е дел од одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, е студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од размената во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите размени.

Gepostet von European Movement EMMK am Dienstag, 5. Mai 2020

На дебатата студентите дискутираа за нивните искуства кои ги стекнале со користење на Еразмус плус програмата. Дел од студентите ги изразуваа своите искуства кога биле на студентска размена  и сега се наоѓаат во земјава, но имаше и студенти кои кои во актуелниот момент се ноѓаат во некоја европска земја и директно се вклучија во дебатата. Некои од студентите со жалење истакнаа дека морале да го прекинат студентскиот престој во странство и да се вратат заради состојбата со Ковид 19, но дека ги следат курсевите онлајн.

Учестуваа следните студенти:

  1. Михаил Дивјакоски, Економски факултет – Прилеп, УКЛО;
  2. Диедона Муртиши, Медицински факутет, ДУТ;
  3. Бојан Димески, Меѓународен Славјански универзитет – Битола,
  4. Анастасија Георгиевска,
  5. Данче Митева, Меѓународен славјански универзитет,
  6. Дарко Буњевац, Универзитет Американ колеџ- Скопје,
  7. Сара Цветановска, Филозофски факутет, УКИМ
  8. Михаил Трпчевски, Универзитет Американ колеџ- Скопје,
  9. Радмила Утевска, Универзитет Американ колеџ- Скопје
  10. Андреј Поповски, Универзитет Американ колеџ- Скопје
  11. Елена Матлиоска, Универзитет Американ колеџ- Скопје
  12. Гадаф Мемеди, Филолошки Факултет, ДУТ;
  13. Дрилон Мифтари, медицински факутет, ДУТ;

 

Текот на дебатата се одвиваше во неколку делови:

 – претставување на студентите и нивното Еразмус искуство;

 – начинот на кој европските земји се справуваат со пандемијата преку призмата на студентите кои во моментот се во некоја европска земја;

– наставните програми на странските универзитети и искуствата од истите;

-културата и прифаќањето на европските вредности… и препораки до идните студенти.

Генералниот заклучок од излагањата на студентите е дека тие имаат позитивни искуства и ставови кон Еразмус програмата, како програма која нуди различни можности за образование, настава, живеење во нова средина, нови пријатели, дружење. Сите студенти со ентузијазам зборуваа за нивниот престој укажувајќи главно на позитивните аспекти. Тие сметаат дека мобилноста на студентите и можноста да поминат дел од нивното образование во некоја друга земја претставува клуч кон подобра и поперспективна иднина.

Позитивни аспекти се наведуваа :

  • можноста за личен развој (созревање, осамостојување, подигање на самодовербата)
  • ново животно искуство и стекнување на самостојност;
  • професионална надградба (стекнување на нови вештини, практични искуства);
  • елиминирање на јазични бариери и секнување на знаење на еден нов јазик на земјата домаќин;
  • стекнување на интернационален круг на пријатели;
  • длабинско осознавање на една нова култура во сите аспекти (историја, уметност, архитектура);

 

Студентите истакнаа дека Еразмус програмата претставува одлична алатка на Европската Унија за надминување на различностите и обединување на европските народи. Преку запознавање и учење за различните култури и вредности младите луѓе се ослободуваат од стереотипите и го разбираат концептот “Сите сме еднакви пред европското сонце”. Би сакале и во иднина да добијат можност да отпатуваат во некоја европска земја и таму да поминат дел од студиите.

На идните студенти, корисници на програмата им порачуваат:

  • Големо „ДА“ за Еразмус плус програмата,
  • Информирајте се за студентски програми кои ги нуди Европската Унија,
  • Добро истражето го местото во кое што сакате да престојувате,
  • Земете го предвид финансискиот аспект и животниот стандард на земјата во која сакате да патувате,
  • Доколку не сте сместени во студентски дом, одберете живеалиште блиску до Универзитетот,
  • Бидете трпеливи со административниот дел,
  • Искористете ја секоја можност за студентски престој во некоја европска земја.