Осврт на парламентарните избори 2020

Парламентарните избори во РС Македонија кои се одржаа на 15 Јули 2020 година и имаа вондреден карактер и првично требеше да се одржат на 12 Фебруари 2020, но поради здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 беа одложени.  Одлуката да се одржат изборите на 15 Јули, и покрај аларметен број на заболени од КОВИД 19, се објаснува со потребата за активирање на улогата на Собранието кое беше распуштено на 16 Фебруари 2020 и формирање на политичка влада која ќе ја замени техничката влада формирана во текот на јануари 2020.  Соочување на владеечката политичка  партија (СДСМ) со одговорноста за не добивање на датаум за предпристапни преговори со ЕУ  е причината за предвремени парламентарни избори.

Изборите се одвиваа во демократска атмосфера и без инциденти со целосно почитување на препораките за здравствената безбедност. Со излезност од 51 % може да се заклучи дека голем дел од македонските граѓани одлучиле да не гласаат. Во предизборниот период меѓу граѓаните доминираше ставот: „ова се избори без избор“.  Освен постоечките парламентарни блокови на партии, карактеристично за овие избори е учеството на многу нови мали партии кои симулираа проветрување на „застоената“политичка средина.

Според официјалните резултати (но, не и конечни) СДСМ заедно со коалицијата „Можеме“ има 46 пратенички места што не е доволно за формирање на влада. ВМРО-ДПМНЕ – досегашната опозиција доби 44 пратенички места. Tриумфално се однесува Демократската унија за интеграција од албанскиот блок (ДУИ) со 15 пратенички места што ја засенува позицијата на Алијансата на Албанците со 12 пратенички места. Очигледен е фактот дека формирањето на влада за сега се чини неизвесно, особено поради амбициозните барања на ДУИ за прв премиер – Албанец чие име веќе беше познато уште во изборната кампања.

Пост-изборниот амбиент е прилично мирен,  но и прилично конфузен. Социјалните медиуми значително се занимаваат со една нова мала политичка партија „Левица“ која влегува во Параламентот со две освоени места и која поднесе приближно 2000 приговори за нерегуларност на изборниот процес, а  ниеден од нив не беше уважен од страна на Изборната комисија.  Имено, за време на пребројувањето на гласовите и нивното компјутерско внесување во системот за пребројување,  ВЕБ страницата на Државната изборна комисија беше цел на хакерски напади и се изврши упад во софтверот предизвикувајќи сомневања за регуларноста на добиените резултати.