Панел дискусија 2018

Европското движење во Република Македонија на 08.05.2018 година организираше панел дискусија на тема: “70 години од Меѓународното европско движење: пораката од земјите-аспирантки; Препораки и пораки “, организирана по повод денот на европското обединување, 9 мај. Имено, на овој настан воведни забелешки даде Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово, кој истакна дека темата е широка, за што постојат различни ставови . Тој, исто така, ја истакна важноста на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

На панел-дискусијата присуствуваа: Претседателот на Советот на општината, амбасадорот на Франција, амбасадорот на Шпанија, амбасадорот на Хрватска, амбасадорот на Италија, претставници на Европското движење во Република Македонија, невладините организации од Куманово, претставници од основни и средни училишта, јавни устави, претпријатија и граѓани.