Панел Дискусија „Европските интеграции во развојните перспективи на Северо- источниот плански регион„

По повод традиционалното  одбележување на 9 Мај, Денот на Европа, Европското движење – ЕДМК, заедно со општината Куманово и оваа година одржаа плодна панел дискусија на тема: Европските интеграции во развојните перспективи на Северо- источниот плански регион. Покрај актуелните прашања поврзани со децентрализацијата и намалувањето на регионалните диспаритети, на панел дискусијата се говореше за Европската интеграција и реформите поврзани со пристапните преговри.

Воведните излагања ги имаа градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, амбасадорот на Француката Република Н.Е. Кристијан Тимоние, и потпретседателот на Европското движење Мухамед Халили. Во текот на панел дискусијата се наметнаа повеќе прашања околу Евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија во кои се вклучија лица од граѓанскиот сектор . Целиот настан беше директено телевизиски  пренесуван  со што ставовите од оваа панел дискусија беа во можност да ги слушнат сите граѓани. Завршните излагања околу Европските интеграции во развојните перспективи на Северно источниот регион ги даде Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, ја истакна важноста на ЕУ интеграциите. Амбасадорот Тимоние, истакна дека иако Македонија направи компромиси, од исклучителна важност е да продолжи на патот на реформите и да се фокусира на нивно спроведување. Тој посочи дека иако Балканот е нестрплив за ЕУ интеграција, сепак и ЕУ се соочува со внатрешни проблеми, кои мора да бидат решени.

Андрија Стојковски, советник во Владата, истакна дека победата над фашизмот и денот на Европа се многу битни и ја зголемуваат вредноста еден на друг. Самото тоа што зборуваме за перспективи е голем напредок, бидејќи во претходни извештаи Македонија е условена како заробена држава. Според него, транспарентноста е зголемена, што е видливо преку изборот на антикорупциската комисија, кој беше јавно пренесуван на телевизија.

Според Мухамед Халили, потпретседател на Европско Движење,  треба да се запрашаме дали ние навистина сакаме да бидеме земја членка на унијата. Меркел и Макрон ни дадоа пофалби за тоа што ги решивме надворешните прашања, како и за ослободувањето на државата од заробеништво. Заклучи дека не може да очекуваме членство во ЕУ и напредок само од централната власт. Тоа е процес во кој треба да учествуват сите нивоа на власта.

Завршниот збор го имаше Милева Ѓуровска, претседател на Европско Движење, која истакна дека луѓето што живеает во регионите треба да ги споделат своите проблеми. ЕДМК работи на проект за локални демократии и воочливо е дека има потреба од вакви дебати. Според неа, човечките ресурси се проблем, но тој проблем е решлив со сериозен план и пристап. За 4 години може да се обучат сите потребни кадри.

Public Public Public Public