Панел дискусија -„Конструираме партнерства кон Евро-интеграциите на Р. Северна Македонија“

Во контекст на Денот на Европа се одржа панел дискусија на тема „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива“.  Во почетокот овој настан беше планиран како панел дискусија, но со оглед на интересот  за присуство и други околности  настанот се претвори во убава и пригодна конференција. Во иницијативата се вклучи Европското движење на Франција и Здружението на граѓани Евро-престолнини  (Eurocapitales) Sent Yvelin (Paris).

Во официјалниот дел на отворањето на Панел дискусијата се обрати Амбасадорот на Франција во Р.С.Македонија Кристијан Тимоние. Тој истакна дека речиси сите држави –членки се заинтересирани за прашањата поврзани со проширувањето на Унијата кон Западен Балкан.  Додавајќи дека во поглед на евроинтеграциите  на Северна Македонија постигнати се значајни резултати, но е потребно да се надминат клучните проблеми без чие решение евроинтеграциите не можат да продолжат. Особено го потенцираше значењето на  реформите во Поглавјата 23 и 24 кои се основите на градење на правна држава што е еден од првите критериуми за пристапување кон Унијата.

Претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска, која го модерираше овој официјален дел, истакна дека оваа панел дискусијата се случува во многу значаен момент поврзан со европските перспективи на нашата држава, односно во пресрет на Јулскиот самит на Европскиот совет. Укажа дека дијалогот за пристапувањето кон ЕУ сега се вди на понаков начин од претходно кога главно се зборуваше на општ начин. Во актуелниот момент постојат подготовки во сите институции, вклучени се многу актери чии очекувања се многу поголеми од петходно. Големите промени кои се случија во текот на годината ги зголемија очекувањата на граѓаните во однос на ЕУ кои тесно се поврзува со датумот на отпочнувањето на пристапните преговри за ЕУ. Меѓутоа, датумот на отпочнување на преговрите е значаен ако се имаат пред вид очекувањата, но уште позначајно е да се дискутираат конкрените проблеми со кои се соочува општесво чии решенија не се поврзуваат со датумот туку со засилен ангажман на сите актери, осбено на Владата.

Во оваа сесија се обрати и Г. Жан-Пол Дуге, Претседател на асоцијацијата Евро-престолнини која е членка на Меѓународното европско движење. Тој истакна дека партнерствата играат значајна улога во интеграциите.  Кусо осврнувајќи се на начинот на кој Европската заедница растеше низ историјата во сите нејзини етапи и нотирајќи ги проблемите кои ги имаа одредени држави членки, тој настојувше да покаже дека Заедницата е еден процес кој се менува и прилагодува на промените внатре во Унијата, но и со оглед на надворешните околности.  На крајот истакна дека проширувањето на Унијата во оваа фаза е реален процес кој што има сопствена динамика. „Ние како претставници од Евро-престолнини, како и претствници на Француското европско движење дојдовме овде за да научиме повеќе за оваа држава и да изградиме уште еден мост кој ги поврзуваат земјите иницијатори на европското заедништво – Франција и Германија„.

Според потпретседателот на Европското движење Мухамед Халили, планот за Западен Балкан на Франција подразбира тесна соработка во стопанството, финансиите, одбраната, внатрешните работи, зацврстување на стабилноста, не само во државата, туку и во целиот регион. Според него германскиот став е многу поедноставен, затоа што се повикува на проширување на ЕУ како генерална платформа која треба да се оствари, а соработката понатаму ќе биде интензивирана.

Вториот дел од панел дискусијата беше модериран од страна на Франсоа Лафонд, Советник во Секретаријатот за европски прашања на Р.С. Македонија со чие искуство придонесе да се развие исклучително содржинска дебата поврзана со европските перспективи.

Претседателот на Европското движење на Париз, Жан Клод Удоан (Jean Calude Houdoine) го изрази задоволството од тоа што прв пат е во оваа држава и што може да се вклучи во дебатата за европските интеграции исткнувајќи  дека со интеграцијата на овој дел од Европа континентот ќе ја добие својата целина. Во дискусијата се вклучија и други претставници од Здружението Евро-престолнини споделувајќи искуства во врска со пристапите на нивните држави за проширувањето кон Западен Балкан.

Мошне активни во дискусијата беа членовите на Советот на дипломати на Северна Македонија. Амбасадорот Љупчо Арсовски се осврна на долгата етапа на евроинтеграциските процеси низ кои помина нашата држава и специфичноста на контекстот. Амбасадорот Александар Тавчиоски укажа на промените на политиките на проширување кои Европската унија ги имаше досега нотирајќи дека актуелните критериуми кои Унијата денес ги поставува во одонос на проширувањето главно се од политичка природа.

Константин Миноски – член на ЕММК во неколку наврати укажуваше на политиката на ЕУ кон Р.С. Македонија и недоследноста во критериумите чие важење е флексибилно.

Амбасадорот Васко Наумовски истакна дека без оглед на резултатите во поглед на добивањето на датумот за преговори во Јунскиот самит  за Северна Македонија е најзначајно да продолжи на посериозен начин со реформите со цел да се подобри квалитетот на живеење, да се овозможи владеењето на правото и функционалност на институциите што воедно може да се земе како генерален заклучок од дебата.