Панел дискусија на тема „Европските интеграции во развојните преспективи на Југоисточниот плански регион“

На 29 март 2019 во кафе Ре-форм во Дојран се оддржа панел дискусија на тема „Европските интеграции во развојните преспективи на Југоисточниот плански регион“, која беше организирана од Европско Движење (ЕДРМ) како дел од проектот „Граѓанските организации за функционирање на локалната демократија“ кој се спроведува заедно со АЛДА – Скопје и ЗФР – Велес.

Прв збор зема Градоначалникот на општина Дојран, Г. Анго Ангов. Тој зборуваше за потенцијалот на регионот со очекуваниот влез во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија. Грaдоначалникот Ангов истакна дека европските фондови се многу важни средства за мали општини како што е Дојран. Општината Дојран во моментот има 3 активни прекугранични проекти, од кои два со градови во Грција, и еден со Бугарија. Без овие проекти не ќе можат да се оставрат важни капитални проекти кои се од големо значење за градот и неговите жители и посетители. Според него, главен проблем со кој општината се сретнува е недостатокот на финансии. Иако луѓето се иселуваат од Дојран , сепак тоа не е од магнитуда како во други градови, но сепак нагласи дека тие напорно работат да ги задржат младите, бидејќи тие се луѓето кои треба да донесат прогрес за целото општество

Следен говорник беше Страшко Стојановски, професор на Универзитет „Гоце Делчев“  –  Штип, кој изложи анализа која ги детектираше главните проблеми со кои се соочуваат градови како Дојран, но и понуди одредени решенија како да се надминат тие проблеми. Еден од главните проблеми со кои се соочува овој регион, а воедно и целата држава, е депопулацијата. Студиите покажуваат во источниот регион, 80% од младите сакаат да ја напуштат државата. Професорот посочи дека нерамномерниот економски развој помеѓу главниот град Скопје и останатиот дел од државата придонесува кон незадоволството на граганите.

Во однос на европските фондови, секогаш останува прашањето како да се искористат фондовите целосно и паметно. Затоа еден предлог би бил да се оформат консалтинг центри кои би можеле да помогнат на земјоделците или други индустрии како правилно да аплициираат за овие фондови.  Исто така, доколку планските региони во државата постанат функционални единици, кои би имале поголем повраток на ДДВ од 15 до 20% тоа значително ќе ја зголеми моќта и одговорноста на општините во решавање на своите проблеми. Според него, со дијалог и соработка може да се надмине се, во интерес на граѓаните.

Васко Хаџиевски од Здружение на Агроекономисти беше третиот говорник, и тој се надоврза на анализата на Проф. Стојановски. Г. Хаџиевски детектираше два основни проблема со кои се соочува земјоделството. Првиот е, како да се продаде производот. Додека вториот проблем е, како да се задржат производителите во местото каде што произведуваат. Тој зборуваше за работата која ја прават во областа на развој и поддршка на семејното земјоделство, како важен дел за решавање на двата големи проблема. Посочи неколку механизми и конкретни начини како да се користат европските фондови, како на пример LEADER. Ја презентираше и работата на НКЕУ-МК, посветувајќи посебно внимание на семејното фармерство.

Четврт говорник беше Ивана Велкова од АЛДА – Скопје, која го објасни проектот „Граѓанските организации за функционирање на локалната демократија“. Намерата да се децентрализираат настани од Скопје е одлично прифатена насекаде низ републиката и таа изрази задоволство од интересот кој граѓаните го покажуваат за дебата.

Панелот го затвори Проф. Милева Ѓуровска, претседателка на Европско Движење (ЕДРМ), која го истакна значењето на локалните средини во европските интеграции, бидејќи луѓето се тие кои треба да се навикнат на европскиот начин на живот. Како приоритет на НКЕУ-МК го најави проширувањето со работа на поглавје 22, кое се занимава со регионална политика.

По излагањето на Проф. Ѓуровска, модераторот Елена Гачева ја отвори дебатата. Граѓаните на Дојран прикажаа интерес и ги споделија своите мислења, но и поставија прашања до панелистите кои се занимаваа со директни проблеми со кои тие се среќаваат секојдневно.

Public Public Public Public