Панел дискусија: „Преку рурален развој до урбана благосостојба“ во Тетово

Преку рурален развој до урбана благосостојба, беше насловот на Панел дискусијата која се одржа на 07.02. 2019 година во просториите на општината Тетово. Повеќе од 30 – учесници, главно претставници на граѓанските здруженија, дискутираа за економските перспективи на Полошкиот регион. Шар планина е „голема фабрика„ која нуди големи економски можности и многу вработувања, доколку се стопанисува со неа според европските стандарди – беше став на сите дискутанти. Беше напоменето дека главниот проблем е дивото сечење на шумите кое се одвива пред очите на надлежните. Треба да се разговара за одредени нови перспективи, треба да се разгледаат новите идеи кои единствено можат да дојдат од страна на граѓаните, поради што општината треба да биде поактивна и да оствари подобра соработка со граѓанските здруженија. За жал на дебата не учестуваше ниту еден претставник од општината, ниту од Полошкиот плански регион. Дебата ја организраше Европско движење и ПД Љуботен од Тетово во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата„ финансиран од ИПА – 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија каде партнери се ЕДРМ, АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес.

Public Public Public Public