Панел дискусија: “Социо-Економските перспективи на младите во Општина Прилеп и Пелагонискиот Плански регион” во Прилеп

На 22.02.2019 се одржа панел дискусија на тема СоциоЕкономските перспективи на младите во Општина Прилеп и Пелагонискиот Плански регион во Прилеп. Оваа Панел дискусија е дел од Проектот Граѓанските организации во служба на демократијата финансиран од ИПА2 механизмот за поддршка на граѓанските здруженија. Во проектот партнерски настапуваат ЕДРМ, АЛДАСкопје и ЗФРВелес.

Дискусијата ја отвори Проф. Др Милева Ѓуровска од ЕДРМ ставајќи го фокусот на проблемите на младите, како дел од проблемите на секое семејство и потенцирајќи дека единственото нешто константно во современите општества се промените. Како клучни ги издвои проблемите со невработеноста, што ги спречува младите да бидат видливи и да ги изразат своите проблеми.

Следен говорник беше Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски кој изјави дека Општина Прилеп има служба која ги решава проблемите на граѓаните. Тој нагласи дека за жал младите во Општината не се доволни иницијативни и дека најголем број од нив доаѓаат со барање за директно вработување во јавниот сектор. Тој смета дека проблемот со невработеноста и партиските вработувања ќе се намали доколку младите сакаат да работат во приватните компании, на не во јавна администрација. Тој истакна дека општината, а и лично тој се во секое време отворени за комуникација и пријавување на неправилности поврзани со работата на општината.

Трет говорник беше Зоран Илиески од Коалиција СЕГА, според кој проблемите кои тлеат во младите мораат да бидат адресирани. За да се постигнат промени, потребно е време, а за по 10 години се почувствуваат промените, треба да се почне сега. Според него, не се бараат привилегии, туку еднакви шанси и можности. Младите не заминуваат во странство за подобра плата, тие одат за подобар квалитет на живот. Според него клучни се неформалните обуки, кои Коалицијата СЕГА ги обезбедува.

Нареден говорник беше Професор. Др Трпе Стојановски од Факултетот за Безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски Битола. Тој посочи дека може да се воочи голем немир кај младите, како последица најпрво на слабото домашно воспитување, а потоа и лошиот образовен систем. Партиите не треба да се модел, бидејќи тие се главен модератор на корупција. Тој ги советуваше младите да притискаат на властите како тие би биле сервис на граѓаните, со што би постигнале подобра клима за развој во иднина.

Наредна говорничка беше Асистент мр Ерика Пешкоска која изјави дека поимот на слобода согласно Уставот на Република Македонија, се дефинира дека: слободата на човекот е неприкосновена, никому не може да му биде ограничена, исто така се наведува дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата и тоа независно од полот, расата, бојата на кожата, нивното национално социјално, политичко или верско уверување, и имотната и општествена положба, и согласно Уставот на Република Македонија граѓаните се еднакви како пред Уставот, ака и пред Законите, и согласно Уставот се забранува секој облик на мачење, нечовечко постапување, како и лишење од слобода, под закана, присилба и друго. Таа нагласи дека младите треба да се борат за своите права.

Последна говорничка беше Ивана Велкова, претставничка од АЛДА Скопје, која на младите им ги укажа можностите за студентски размени, кои ги отвораат вратите за среќавање и запознавање на многу култури, јазици и гледишта. Според неа младите имаат многу повеќе можности сега, отколку пред 10 години и ги охрабри младите да ги користат шансите кои им се пружаат.

По завршувањето на говорниците, модераторот Проф. Др Јадранка Мршиќ ја отвори дебатата каде што младите имаа можност да ги искажат своите проблеми. Учениците истакнаа дека иако тие пробуваат да станат повидливи за општеството наидуваат на затворени врати. Бараат да се даде фер шанса и да се намали вработувањето со врски.

Од друга страна, сметаа дека фирмите не даваат реални слики за вработувањата и за платите. Се бара занаетчиство, но сепак тоа не е актуелно кај младите.  Дел од нив сметаат дека и при малкуте можности што им се нудат, се врши не фер избор при селекција на кандидати, конкретно при проектите за Студентска размена. Причина за желба за заминување е несреден правен, медицински и едукативен систем. Како пример за тоа, учениците го укажаа фактот на непостоење на соодветни учебници, според новите наставни програми.

Public Public Public Public