Планинарски марш до водно 2017

Европското движење на Република Македонија и оваа година го организираше традиционалниот планинарски марш до Водно во чест на Европскиот ден на знамето што се одржа во саботата, 6.5.2017 година, како дел од целокупната програма за одбележување на Денот на Европа. Планинарскиот марш почна пред седиштето на ЕУ, од каде учесниците се упатија кон врвот на Водно кадешто се одржа планинарско дружење со звуците на етно групата Ишарет, со песна и танц, како и планинарско гравче со салата. На планинарскиот марш на бројните планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани, им се придружија ученици и наставници од основните училишта во Општина Аеродром, кои беа најбројни меѓу учесниците. Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во Република Македонија да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.