Планинарски марш на Водно за Европскиот ден на знамето: „Планините како култура на живеење и живеење на културата“

Планинарски марш на Водно за Европскиот ден на знамето под мотото:  Планините како култура на живеење и живеење на културата.

По повод одбележување на Европскиот ден на знамето планинари, ученици и поширок круг на граѓани се упатија кон врвоот на Водно. Поаѓањето беше од седиштето на Делегацијата на Европската Унија.

Дружењето продолжи во планинарскиот дом на врвот на Водно каде беа послужени со вкусно македонско планинарско гравче. Имаше за сите кои се најдоа денес таму.

Планинарите и љубителите на природата, исто така, го исчистија сметот од врвот на планината како симболика на европските вредности, кои ги негува и промовира организаторот на маршот – Европското дижење ЕДМК.

Public Public Public Public