Натпреварот за најдобар есеј оваа година разбуди голем интерес кај средношколците низ целата република. Темата „Имам нешто да кажам за мојата иднина“ предизвика различни реакции и коментари на најразлични теми. На конкурсот се пријавија 27 ученици, а жири комисијата, која се состоеше од Проф. д-р Јадранка Мршиќ, Проф. д-р Македонка Радуловиќ и д-р Маја Манчевска,имаше исклучително тешка задача да одбере само три кои ќе бидат прогласени за победници на овој натпревар.
Сепак, по дебата за есеите, одлучено беше за победници да бидат прогласени:
Прво место – Филип Бибовски од СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Второ место – Тамара Тодоровска од СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” – Скопје
Трето место – Даница Среткоска од СОМУ “Гостивар”- Гостивар
Им честитаме на победниците и се надеваме дека и понатаму ќе продолжат да го негуваат европскиот дух.
Исто така сакаме да им честитаме и на сите учесници кои испратија есеи. Квалитетот на есеите беше на навистина високо ниво.
| Бр. | Име и Презиме |
| 1 | Алекс Сиљановски |
| 2 | Ана Даневска |
| 3 | Ангела Андоновска |
| 4 | Бојан Јакимовски |
| 5 | Виктор Ѓорѓиев |
| 6 | Георгина Ртоска |
| 7 | Даница Среткоска |
| 8 | Дијана Мацкова |
| 9 | Елена Димчевска |
| 10 | Елена Кузмановска |
| 11 | Елена Муратовска |
| 12 | Иван Гочевски – Ивановски |
| 13 | Игор Стојков |
| 14 | Јела Костадинова |
| 15 | Магдалена Кајевиќ |
| 16 | Марија Велкоска |
| 17 | Марија Неделковска |
| 18 | Марија Тасева |
| 19 | Медиха Рамадановска |
| 20 | Надица Јанева |
| 21 | Симон Калановски |
| 22 | Стефанија Ризова |
| 23 | Суеда Рамадановска |
| 24 | Тамара Тодоровска |
| 25 | Усние Асаноска |
| 26 | Филип Бибовски |
| 27 | Христијан Петрушевски |







