ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ТЕМА: Општествата во време на кризи: причини и последици

 По повод Денот на европското заедништво, 9 Мај, Европско движење (ЕММК) во партнерство со Делегацијата на Европска унија во РС Македонија организраат дебата која ќе се реализира онлајн на 07 Мај со почеток во 11 часот. Дискусијата ќе можете да ја проследите во живо на Facebook страната на Европско движење.

Со насловот на темата: „Општествата во време на кризи: причини и последици“ ќе се настојува да се разгледаат определени прашања поврзани со состојбите во кои се најдоа современите општества по прогласувањето на пандемијата предизвикана од Ковид 19. Не е спорен заклучокот дека оваа пандемија со сите свои специфичности кои го загрозуваат здравјето и животот на поединците, предизвика и криза од општествена природа која се манифестира преку своите економски, социјални, политички, културни и други  карактеристики препознаени во секоја од кризите кои се случиле претходно. Меѓу прашањата на кои ќе се дебатира се следните: Што се случува со демократските процеси во услови на криза? Дали се случија промени во политичката сфера и дали се промени политичкиот дискурс? Дали кризата генерално, вклучувајќи ја тука и пандемијата, не е претставуваат итен повик за промени кои претходно не биле препознаени од страна на општествата? Какви прашања можат да се постават во однос на системите за јавно здравство, кај нас и пошироко? Дали економските мерки кои ги преземаат владите одат во прилог на сите економски субјекти?

За темата ќе говорат:

Проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија;

Проф. д-р Мирјана Најчевска, Институт за социолошки и политичко – правни истражувања, Скопје;

д-р Мухамед Халили, Амбасадор и потпретседател на ЕМ-МК

Проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија;

Проф. д-р Милева Ѓуровска, Филозофски факултет–Скопје, Институт за социологија, Претседател на ЕММК;

Модератор:

Слободанка Јовановска, Уредник во Независен весник