ПОКАНА
ЗА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
ТЕМА:
ЕВРОИНТЕГРАЦСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО РАЗВОЈНИЕТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ОПШТИНА ОХРИД И ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ОХРИД: ТУРИЗМОТ И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО КАКО ЗНАЧАЈНИ ФАКТОРИ ВО ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПРОЦЕС
Охрид 10.12.2019 година 12:00 чсот
Место на одржување: City Palace
Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) организира панел дискусија чија цел е приближување на Претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните. Имено, имајќи предвид дека РС Македонија е во финална фаза од подготовките за отпочнување на претпристапните преговори би сакале да ги споделиме резултатите од нашите досегашни истражувања со граѓаните на Општина Охрид и Југозападниот плански регион. Со оглед на сознанието за посебната улога на туризмот и културното наследство во овој Регион дискусијата ќе биде насочена во правец на идентификување на развојните фактори и на овој значаен сегмент од Поглавјето 26 на претпристапние преговори.
Исто така, посебна цел дискусијата е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти, граѓанските здруженија и другите релевантни чинители во развојните процеси. Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи за приближување кон Европската унија.
Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“. Овој проект е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми, а е спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).
Со почит,
проф. д-р Милева Ѓуровска
Преседател на ЕМ-МК








