ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ON LINE КВИЗ НА ЗНАЕЊЕ ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

Квизот ќе се одржи на 9 мај 2020, со почеток од 14.00. Истиот ќе се состои од 30 општи прашања за Европската Унија, за државите – членки, како и за процесот на пристапување на нашата држава кон Унијата.

Секој универзитет има право да пријави еден студент/ка кој би го претставувал универзитетот. Квизот ќе се реализира преку платформата Kahoot и ќе биде пренесуван во живо на социјалните мрежи.

Пријавувањето треба да биде најдоцна до 24 април, на меил адресата на Европско движење secretariat@europeanmovement.org.mk . Во пријавата треба да бидат напишани име и презиме, факултет и година на студии и меил за контакт.

На пријавените учесници/учеснички ќе им биде испратен поголем број на прашања од кои 30 ќе бидат поставени во текот на квизот.

 

Најдобрите три натпреварувач(к)и ќе бидат наградени од страна на Европското движење во Република Северна Македонија. Вкупниот награден фонд е 350 Евра.