Повик за вработување на финансиски менаџер
Европско движење во Република Северна Македонија (ЕММК), отвара повик за вработување финансиски менаџер со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 1 година со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот. Работникот се ангажира на проектот „Национална конвенција во Република Северна Македонија за структуриран дијалог во Кластер 1 – Основи“ за што добива соодветен надомест од ИПА – Проектниот грант.
Работни задачи:
- Извршување на тековни активности поврзани со реализација на проектот:
- Подготовка на документи за проектни активности (на македонски и англиски јазик);
- Асистенција во подготовка на проектните активности и учество во истите (асистенција и присуство во обуки на граѓански здруженија);
- Асистенција во подготовка на конференции (панел дискусии и други активности од јавен карактер);
- Подготовка на извештаи (наративни и финансиски) за настаните од ЕММК во рамките на Проектот (на македонски и англиски јазик);
- Подготовка на формулари и други формални процедури поврзани со активностите на Проектот (документи од регрантирање, синтези од настани, подготовка на проектни настани и испраќање на агенди за определени настани);
- Извршува задачи за остварување на поголема јавност на активностите на Проектот публикувајќи на социјалните медиуми (Facebook, Twitter и други електронски медиуми).
- Други тековни активности од работењето на Проектот, како и активности (поврзани само со проектот) посочени од Проектниот менаџер.
Образование и рабoтно искуство:
- Додипломски студии во објаста на хуманистичките науки (завршени или во тек);
- Со или без работно искуство;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност;
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски вештини и работа во тим;
- Способност за извршување повеќе задачи истовремено за испорака во кратки рокови;
- Способност за координација, уредност и организираност;
- Напредно познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на Office со посебен акцент на Excel;
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) на македонски или англиски јазик на адресата: secretariat@europeanmovement.org.mk или во канцеларијата на ЕММК на адреса: Ул. Коста Кирков бр.5/8, најдоцна до 25.01.2023г.







