Работна посета на членови на НКЕУ-МК на Асоцијата за надворешна политика на Република Словачка

Од 10-15 Декември претставници ан Европско движење во Република Македонија остварија работна посета на Братислава запознавајќи се поблизу со Националната конвенција за Европска унија – проект кој се реализира во Р. Македонија од почетокот на ноември 2017 година. Во текот на пет дена се остварија средби со претставници на владата на Р. Словачка, претставници на Парламентот, со претставници на Претседателството и експерти кои беа вклучени во НК на Словачка.

На средбите беа водени разговори за евроинтеграциските перспективи на Република Македонија, за определени значајни прашања со кои денес се соочува ЕУ ,  за методологијата на претпристапните преговори , како и за методологијата на реализација на НКЕУ. Исто така, членовите на оваа делегација присуствуваа на конференцијата која со наслов: Да се разбере евроскептицизмот, во организација на Универзитетот „Коменски„ од Братислава.