Седум добитници на Младинскиот клуб по повод одбележувањето на Денот на Европа-9 Мај

На овогодишното одбележување на Денот на Европа-9 Мај насловено како „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Европско движење во Република Северна Македонија се одржа Младински клуб.

Во рамките на Младинскиот клуб „Младите и демократските вредности: Дали сакам, дали можам и како да бидам активен граѓанин?“ се одржа ораторски натпревар, младинска дебата и квиз на знаење за ЕУ.

Прво место на ораторскиот натпревар го освои Ева Нешкоска од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, а по неа следува Антонио Чоневски, исто така, од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, додека третото место го делеа Амина Гафури од Универзитетот на Југоисточна Европа и Искра Постолова од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Победници на квизот за знаење се: Алексеј Стојановиќ и Иван Христов од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ како и Марин Ивчески од Интернационалното училиште „ Нова“ во Скопје.

Младинскиот клуб се одржа како дел од активностите поврзани со овогодинешното одбележување на Денот на Европа-9 Мај, во рамките на коешто се одржа и панел-дискусија на која учествуваа претставници на државно-политичкиот врв, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор, како и претставници на институции и невладини организации во нашата држава.