Собрание на Европско движење во Република Македонија (22.12.2018)

РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 22.12.2018 година во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје се одржа редовното Годишно собрание на Европското движење во Република Македонија. Собранието, покрај извештајот за работењето во изминатиот едногодиѓжш ен период имаше и изборен карактер.  Со оглед на фактот дека изминуваше мандатот на членовите во претседателството, извршниот одбор и надзорниот одбор со мали измени беше конституиран нов состав.

Проф. д-р Милева Ѓуровска беше реизбрана за претседателка, а за потпреседатели беа избрани доц. д-р Македонка Радуловиќ и Амбасадорот Мухамед Халили. За генерален секретар беше избрана д-р Марија Вељовска-Кондовска, за членови на претседателството беа назначени  Никола Тодоровски (за секретар за меѓународна соработка),  д-р Маја Мачевска (секреатар со односи со јавноста).

На Собранието беше усвоен и Годишниот извештај од работењето на ЕДРМ, Извештајот од Федералното собрание на Меѓународното европско движење што се одржа во ноември 2018 година во Виена, а потоа се усвои и Програмата на активности за 2019 година.

Богатата програма за наредната година содржи повеќе панел дискусии, кафе дебати, наредните циклуси на сесии Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, три меѓународни конференции, како и традиционалните активност по повод Денот на Европа, 9 Мај.

 

Public Public Public Public