Средношколски натпревар за најдобар есеј на тема „ Заедно за иднината на Европската унија“

На средношколскиот натпревар за најдобар есеј на тема „ Заедно за иднината на Европската унија“ пристигнаа голем број на есеи кои беа од исклучителен квалитет и ги промовираа европските вредности.
Жири комисијата на Европско движење составена од:

Проф. д-р Милева Ѓуровска,

Проф. д-р Македонка Радуловиќ,

д-р Маја Манчевска,

ги одбра најдобрите есеи според претходно дадените насоки во повикот и резултатите се следни:

1 Место – Марко Инѓилизов, СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин’’-Велес
2 Место – Елена Угурова, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје
3 Место – Киара Лазиќ, СУГС “Раде Јовчевски – Корчагин” – Скопје

Им честитаме на победниците и се надеваме дека ќе продолжат да го негуваат европскиот дух и понатаму.