Студентска дебата: „I have something to say about my future“

Европското движење во Република Северна Македонија, како дел од Меѓународното Европско движење, традиционално, од своето формирање во 1991 година, го одбележува денот на Европското обединување, 9 Мај. Прославата ќе биде одбележана со соодветни активности кои придонесуваат за промоцијата на Европските вредности.

Оваа година, соочени со ситуацијата предизвикана од пандемијата Ковид-19 и препораките за социјална изолација, повеќето од активностите ќе ги организираме онлајн. Една од тие активности е студентската дебата на тема: „ I have something to say about my future“.

На оваа дебата очекуваме да слушнеме во какво општество сакаат да живеат младите.

Дебатата ќе се одржи на 27 Април 2021 и ќе трае од 12.00 до 13.30, преку платформата Zoom, а ќе може да ја проследите во живо на facebook профилот на Европско движење: https://www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK

Очекуваме учество на студенти од повеќе универзитети во земјата.

Оваа дебата ја организираме партнерски со Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер.

Модератор:
Македонка Радуловиќ

Фасцилитатори на дискусијата:
Никола Јазаџиски и Сара Ајровска

Воведни зборови:
Милева Ѓуровска – Претседател на Европско движење
Даниел Браун – Официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер