Студентска дебата: Искуствата од Еразмус плус размените

На 05.05. 2020 година во рамките на активностите на Европското Движење во Република Северна Македонија по повод одбележување на 9ти мај, Денот на Европа, се одржа Студентската дебата на тема: Искуствата од Еразмус плус размените. Со оглед на околностите во кои се наоѓаме (пандемијата на КОВИД-19), дебатата беше организирана online, преку web платформата “Zoom in”. Учество земаа студенти од повеќе универзитети: Универзитетот св. “Кирил и Методиј”, Државниот Тетовски Универзитет, Меѓународниот Славјански Универзитет, Универзитетот Американ Колеџ и Економскиот факултет во Прилеп.  Дебатата ја модерираше проф. д-р Македонка Радуловиќ, потпредседател на Европското движење во РСМ. Дебатата беше пренесувана во живо на Facebook страната на Европското движење(European Movement-EMMK).

На дебатата студентите дискутираа за нивните искуства кои ги стекнале со користење на Еразмус плус програмата. Дел од студентите биле на студентска размена  како дел од оваа програма, дел од нив се во моментот во некоја европска земја, додека некои од нив морале да го прекинат студентскиот престој во странство и да се вратат заради состојбата со корона-вирусот. Земјите кои се дел од искуствата на студентите се: Германија, Турција, Италија, Шпанија, Словачка и Хрватска.

Текот на дебатата се одвиваше во неколку делови: – претставување на студентите и нивното Еразмус искуство; – начинот на кој европските земји се справуваат со пандемијата преку призмата на студентите кои во моментот се во некоја европска земја;  наставните програми на странските универзитети и искуствата од истите; културата и прифаќањето на европските вредности… и препораки до идните студенти.

Генералниот заклучок од излагањата на студентите е дека тие имаат позитивни искуства и ставови кон Еразмус програмата, како програма која нуди различни можности за образование, настава и меѓународна соработка. Тие сметаат дека мобилноста на студентите и можноста да поминат дел од нивното образование во некоја друга земја претставува клуч кон подобра и поперспективна иднина.

Студентска дебата на тема на тема: Искуствата од Еразмус плус размените

Студентска дебата на тема на тема: Искуствата од Еразмус плус разменитеЦелта на оваа дебата, која е дел од одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, е студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од размената во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите размени.

Gepostet von European Movement EMMK am Dienstag, 5. Mai 2020