Студентски квиз за Европската унија

Студентскиот квиз за Европската Унија се одржа точно на Денот на Европа, 9 Мај. Учествуваа 11 студенти од повеќето универзитети во Републиката и сите покажаа одлично познавање на ЕУ со над 70% точни одговори. Тројцата победници на квизот се:

1. Ангела Мирчевска од Филозофскиот факултет – Скопје, со точно одговорени 29/30 прашања, односно 96% точни одговори

2. Михаил Дивјакоски од Економскиот факултет – Прилеп, со точно одговорени 28/30 прашања, односно 93% точни одговори

3. Никола Чамовски од Факултетот за безбедност – Скопје со точно одговорени 25/30 прашања, односно 83% точни одговори

Честитки до победниците! Промовираме европски вредности!

Квиз за ЕУ

Проследете ја студентската дебата за ЕУ на денот на Европа 9 Мај.

Gepostet von European Movement EMMK am Samstag, 9. Mai 2020