Трета сесија на работна група 2 – Социјална политика и вработување „Социјалниот дијалог во Република Македонија: Нов концепт, старо практики“

Трета сесија на Работна група 2 се оддржа на 6.12.2018 во клубот на пратеници. Темата беше: „Социјалниот дијалог во Република Македонија: Нов концепт, старо практики“.Присутни беа над 40 учесници од сите засегнати сегменти во општеството, претставници на властите, невладините организации, експерти, синдикати, организации на работодавачи. Прва се обрати проф. Д-р Милева Ѓуровска, која во своето кратко воведно обраќање говореше за недоволното внимание посветено кон клучна тема како социјалниот дијалог.

Нано Ружин, професор, се осврна на терминот социјален дијалог, односно на моментот дека не постои општо прифатена дефиниција на терминот.Тој истакна дека сме далеку од европските стандарди, а како главна причина го истакна криминалот и корупцијата.

Словачкиот експерт Мирослав Хајнош го објасни процесот кој се случува во словачка и ја објасни структурата на Економско-социјалниот совет.Накратко ги објасни сите нивоа, а подоцна се осврна и на проблемите со кои се соочуваат. Како главен проблем го посочи немањето на доволно човечки капитал.

Маре Анчева, од синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, смета дека социјалниот дијалог мора да биде институционализиран. Направи споредба помеѓу Македонија и Словенија, како две земји кои излегоа од истиот систем. Како грешка ја посочи желбата да се расчисти тотално со се од претходниот систем иако и тогаш имало добри работи кои требало да се зачуваат како колективниот договор.

Ангел Димитров, од организација на работодавачи на Македонија, фокусот го стави на нашата реалност. Според него за социјален дијалог најважна е желбата на министерот за труд и социјална политика. Клучен фактор за подобрување на социјалниот дијалог е „ПР“ ефектот кој би го имала владата.

Андон Мајхошев, професор, смета дека социјалниот дијалог во Македонија личи на социјален монолог, бидејќи владата ги влече сите потези. Тој презентираше неколку истражувања кои ја мереа моќта на секое тело и преговарачката позиција. Истакна дека се случува идеолошки парадокс, каде левичарски влади и политичари претставуваат десничарски политики и обратно. Го критикуваше социјално-економскиот совет кој треба да соодветствува со ЕУ. Сепак советот игра клучна улога и треба да му се даде шанса. Сепак мора да стане потранспарентно и повидливо.

Мирјанка Алексевска, од министерство за труд и социјална политика, смета дека социјалниот дијалог е клучна алатка за развој и социјални права. Како дел од министерството долги години, таа презентираше неколку активности за унапредување и зајакнвање на социјалниот дијалог кои се спроведени, но и активности кои треба да бидат спроведени во иднина.

Светлана Трбојевиќ, професор, ја објасни основната цел на социјалниот дијалог, а тоа е постигнување на договор помеѓу засегнатите страни. Стареењето, миграцијата структурата на луѓето кои работат и бараат работа се дел од тие општествени трендови. Политизацијата во секоја сфера на општеството истотака влијае врз социјалниот дијалог.

На крајот таа ги презентираше и предлог препораките, кои со мали измени беа усвоени на сесијата.

Public Public Public Public