Трета сесија на работна група 3 – Правосудство и основни права „ „Пристапните преговори во Поглавјето 23: Што да очекуваме и што треба да научиме?“

 

Денеска во Клубот на пратениците се одржа третата сесија на Работната група 3 –
(Правосудство и основни права – Поглавје 23) од Националната конвенција за Европската
Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК), на тема „Пристапните преговори во Поглгвјето 23:
Што да очекуваме и што треба да научиме?“.

„Преку денешната дебата на Националната конвенција заедно со експертскиот тим
настојуваме да се изградат вистински правни институции, преку кои ќе може да
функционираме како правна држава што е еден од главните предуслови за членство во
Европската Унија“, рече на отворањето на Сесијата координаторката на НКЕУ-МК и
претседателка на ЕДРМ, проф. д-р Милева Ѓуровска.

Освен експертите од НКЕУ-МК учествуваше и Јан Фигел, поранешен шеф на преговарачкиот
тим на Република Словачка и поранешен еврокомесар, кој споделувајќи го своето искуство од
овој процес, укажа на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23, но и од другите
поглавја.

Тој истакна дека Европското движење како основач и носител на Националната конвенција е
добар и конструктивен пример за приближување кон европските вредности и принципи, кои
пред сé се базираат на фундаменталните човекови права. Правејќи паралела меѓу тогашната
Чехословачка, од каде потекнува и самиот, и поранешна Југославија, од чии комунистички
режими произлегоа новите држави, тој рече дека во нашиот случај, постјугословенскиот
период е многу покомплициран, со оглед на преживеаните војни, додека не беше постигнат
мир. „Но нема мир, ако нема правда и почитување на човековите права“, истакна Фигел.
Поранешниот евркомесар Фигел, исто така, рече дека проширувањето на ЕУ е важен процес,
бидејќи со него се смени Европа, но и самите држави во неа. Затоа, овој процес мора да
продолжи. Притоа, како што рече, има три нивоа кои мора да се постигнат, а тоа се
домашното што претставува спроведување реформи, регионалното, односно градење
добрососедство и континенталното ниво, што значи градење доверба и поддршка. Значи,
„интеграцијата почнува дома, а не во Брисел“, истакна тој и повика да не се губи време со
реформите, особено на правосудството, бидејќи за секоја реформа е потребно време, а потоа
и нејзина имплементација и „преговорите можат да успеат само ако е сé завршено“.

 

Public Public Public Public