Вонредно собрание на Европско движење 02.11.2022

На 2 Ноември се одржа вонредно собрание на Европско Движење во Република Македонија, во канцеларијата на НКЕУ-МК. Главна тема на разговор беа статутарните измени, односно промена на името на организацијата во склад со договорот од Преспа.

Претседателката Милева Ѓуровска ја објасни потребата за предложената промена, како и ги објасни точките од статутот кои се предлага да се сменат, односно името на организацијата на македонски и англиски, адресата и акронимот. Следеше дискусија за најсоодветно решение, по што се донесе одлука која треба да ги помине сите правни процедури и да стане правосилна.

 

Корисни линкови