Втора сесија на Работна Група 1 – Земјоделство и рурален развој „Кредитирање на земјоделството и агро-биснисот –усогласување и полесен пристап“, 12.06.2018

Кредитирање на земјоделството и агро-биснисот –усогласување и полесен пристап.

Сликата може да содржи: 5 луѓе, седнати луѓе и внатреСликата може да содржи: 5 луѓе, седнати луѓе и внатреСликата може да содржи: 5 луѓе, седнати луѓе и внатреСликата може да содржи: 5 луѓе, седнати луѓе и внатре

Во рамките на Националната конвенција за Европска Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК) на 12.06.2018 година во Клубот на пратениците се одржа Втората сесија на Работната група – 1, Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11 од претпристапните преговори за ЕУ) на тема:

На воведното излагање на сесијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, најави дека интензивно се работи на воспоставување државен национален гарантен фонд, со кој ќе се олесни пристапот на земјоделците до кредити, а со тоа ќе се зголеми инвестициската активност во земјоделството, што меѓу другото е резултат на работата на Работната група – 1, за земјоделство и рурален развој во рамки на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.

„За да се олесни пристапот до кредити од банките и штедилниците, Владата во соработка со УСАИД воспостави соодветна гарантна шема, вредна 26 милиони денари, со која се покрива разновидната структура на земјоделските стопанства, односно кредитобарателите, од мали земјоделци до бизнис-оператори и преработувачи. Преку овој фонд е обезбедена гаранција за максимум 50 отсто од висината на побаруваниот кредит, чија вредност може да биде најмногу 500.000 долари“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски посочи дека Министерството во претстојниот период ќе презема интензивни мерки за полесен пристап до финансии во земјоделството, затоа што кредитирањето во земјоделството е неопходно не само за краткорочно финансиско јакнење на производителите туку и за подобрување на капацитетите, нови инвестиции, зголемување на продуктивноста, модернизирање и примена на нови технологии.

Дебатата ја поттикна и излагањето на специјалистката за агро-клиенти од Československá obchodní banka, Маријана Чертикова, која го пренесе искуството за финансирање на фармерите во Словачка преку европските фондови, на кои, сепак, им е неопходна и владина поддршка. Како што рече таа, строгите процедури и формалности не им дозволуваат на земјоделците целосно да се посветат на производството, а покрај тоа не можат веднаш да ја користат помошта од ЕУ, за што тамошната Влада им овозможува претходно кредитирање на земјоделците со симболични каматни стапки, како еден вид систем на предфинансирање, но тие се ограничени само за најдобрите производители.

За време на сесијата презентирана беше презентирана и анализата на екпертите на Работна група – 1 на НКЕУ-МК Александра Мартиновска-Стојческа, Ана Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Билјана Петровска-Митревска од Националната федерација на фармери, а во дебатата се вклучија и копретседавачите на РГ-1 Маја Лазареска, раководителка на Одделението за ЕУ во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Васко Хаџиевски од Здружението на агроекономисти, како и други претставници на релевантните државни институции, пратеници – членови на Парламентарната комисија за Земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на граѓански здруженија активни во овој домен, претставници на стопански комори, агро-синдикати, претставници на финансиски институции, како и на академската средина.

Притоа, покрај можностите за поголема државна поддршка на кредитирањето на земјоделците и агро-бизнисот преку субвенционирани камати и слично, стана збор за тоа како да се оствари поголема информираност на земјоделците за кредитните можности и како земјоделците да остварат редовна наплата на испорачаните реколти, како и многу други прашања поврзани со оваа тема.

На крајот од сесијата членовите на Работната група усвоија 7 препораки, кои заедно со претходно потпишаниот Меморандум за соработка на Министерството со Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, ќе имаат важна улога во исполнувањето на препорaките од Европската комисија од поглавјето за земјоделство и рурален развој.

Пред оваа сесија, во март годинава работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција ја одржа првата сесија, на која исто така беа отворени важни прашања за земјоделството, а во фокусот беше ИПАРД програмата.

 

 

Public Public Public Public