Завршна Манифестација- Доделување на наградата за Европска личност на годината

Завршниот настан е свеченост чија основна цел е да му даде посебно значење на одбележувањето на Денот на Европа посетувајќи ги граѓаните на почетоците на формирањето на европското заедништво, на европскиот ентузијазам и посветенот на основачите на Европската заедница. Оваа свеченост е прилика за споменување на базичните европски вредности и истакнување на идните предизвици на Унијата.

Манифестцијата започна со поздравно обраќање на претседателката на ЕДМК Милева Ѓуровска која ги пренесе пораките на граѓаните во поглед на европските перспективи на Р. С. Македонија.  Таа истакна дека граѓаните имаат големи очекувања во однос на Европската унија, дека долго време се стои во место иако се чини дека сите политички дилеми се разрешија со потпишувањето на Преспанскиот договор. Исто така, додаде дека е потребна поголема одговорност на релевантните чинители како и презмање на конкретни чекори за да се исполнат новите критериуми за пристапување кон Унијата.

Потоа следеше доделување на наградите за најдобрите три натпреварувачи во ораторски вештини. Упатувајќи благодарност до сите студенти како и до униврзитетите кои ја подржуваат оваа манифестација Македонка Радуловиќ, потпретседателка на ЕДМК, заклучи дека студентите  се повикани да ја оживеат демократијата и да се борат да живее демократијата и во други средини.

Наградите за најдобар цртеж за најмладите учесници ги додели Маја Манчевска, член на извршниот одбор на ЕДМК, а присуството на децата на бината внесе охрабрување дека и нјмалите исто така размислуваат за градењето на иднината.

На оваа церемонија се доделија и плакети за исклучително успешна соработка на Европското движење со други партнерски институции. Оваа година плакетите беа доделени на Златко Марин, градоначалник на општина Аеродром и Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово. Наградите ги додели Генерлниот секетар на ЕДМК Марија Вељовска –Кондовска.

ИЗБОР НА ЕВРОПСКА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА 2019 година

Почнувајќи од 2003 година Европско движење доделува специјална награда за лица кои во претходната година имале исклучителен придонес во промоцијата на европските вредности и во други хумани вредности. Веќе 16 години Европско движење ја доделува оваа награда,  а нејзината вредност е во тоа што таа дека доѓа од граѓаните, не носи материјална добивка, туку бесконечен легитимитет дека лицето со своите професионали и лични особени е голем човек.

Оваа година листата на Европски личности беше надополнета со лице од доменот на културата, односно театарот. Во вакви бурни политички времиња хуморот и креативноста кој доаѓа од „штиците што живот значат„ може да  биде „панацеа„ или лек за сите болести.  Така разгледувајќи ги ја листата на потенцијални носители на наградата Европска личност на годината, Комисијата одлучи оваа награда да му биде доделена на театерскиот, филмски, телевизиски глумец и stand-up комичар – САШКО КОЦЕВ.

За Сашко Коцев театарот е природна животна средина. Одиграните улоги во над 50 театарски претстави на еден уметнички начин ги пренесоа големите пораки на светските, европските, и домашните автори.  Пишуваниот збор преточен во разбирливот говорен јазик изговорен од актерот Коцев ја доловува смислата на живеењето, ги прави идеите да бидат живи и блиски.

Личност со исклучителна оригиналност, спонтаност, едноставност, но со висока професионалност. Меѓу ретките резистентни на политиката, кој политиката ја трансформира во сатира, успевајќи да опстане и покрај заложбите да ја наметне критиката, не само како нужен израз на естетското и етичкото, туку како неопходна состојба за развојот на човечкиот дух и општеството. Должиме огромна благодарност како општество.

Наградата за Европска личност на годината ја додели претседателката на ЕДМК која истакна: Покрај се друго што го краси како актер и што беше кажано за неговата професионална биографија, Сашко Коцев, исто така, е посветен активист во неброени кампањи за борба против дискриминацијата од секаков вид. Голем број од неговите stand-up перформанси биле во хуманитерни цели, а средствата биле наменети на оние на кои има биле најпотребни. Тој не зборува за тоа, малкумина тоа го знаат, но ние си дозволивме тоа да го кажеме доделувајќи ја оваа награда – НАГРАДА ОД ПОЧИТ! Тој е личноста која на Златана Бубамара –најафирмираниот културен настан доделува милион награди – Ние доделуваме една – а оваа година таа е за Сашко Коцев – Европска личност на годината.

 

Public Public Public Public