In Memoriam: Луан Старова (1941 – 2022)

Европското движење во РС Македонија изразува длабоко жалење по повод смртта на академик Луан Старова и изразува искрено сочуство до неговото семејство.


Имавме чест и привилегија почитуваниот Старова да биде еден од основачите и потпреседател на Европското движење – непосредно по стекнувањето на самостојност на нашата држава учествувајќи активно во напорите за меѓународно признавање и трасирање на европскиот пат во натамошниот развој на државата. За севкупните негови залагања, но особено за неговиот ангажман преку пишаниот збор да придонесува во афирмацијата на високите европски вредности, хуманизмот и космоплитизмот, во 2012 година од страна на Европското движење му е доделено граѓанско признание: Европска личност на годината. Неговата посветеност и придонесот на идеалот за европско единство во различноста, останува во трајно сеќавање и во активноста на ЕММК.

Почивајте во мир и нека е вечен споменот за Вас почитуван писателу, професор, академик и пријател!