Новогодишна анализа на Македонската информативна агенција – ЕУ не ја искористи можноста да го поправи својот кредибилитет

09.01.2022

Новогодишна анализа за Европската перспектива на РС Македонија – Претседателката на Европското движење за МИА

„Треба да се има предвид дека уште при создавањето на независна Македонска држава определени се и нејзините стратешки определби и цели. Меѓу нив секогаш европската перспектива имала приоритет. Европското движење, како едно од првите граѓански здруженија во земјата веќе 30 години учествува во евроинтеграцискиот процес кој можеме да го споредиме со „брод кој продолжува да плови кон целта и покрај сите политички бури, внатрешни и надворешни притисоци, социјални и економски турбуленици“. Во последните четири години придонесуваме кон евроинтеграцијата на државата со уште покрупни чекори преку НКЕУ-МК вклучувајќи ги граѓаните во самиот процес што е исклучително значајно бидејќи евроинтеграцијата не ја засега само владата, туку и граѓаните, а тие треба сами да одлучат во каква иднина сакаат да живеат. Очигледен е фактот дека граѓаните се упорни и доследни во продолжувањето по европскиот пат, но тие постојано нагласуваат дека зачленувањето во Европската унија треба да се оствари на достоинствен начин – не по секоја цена. Пролонгирање на датумот за почнување на преговорите не е нешто ново и непознато и не може да нѐ обесхрабри и демотивира, а што се однесува до реформите треба да ги сфатиме како наша потреба, а не задача на која се работи заради некој друг. За реформи во државата се зборува многу долго време, а напредокот не треба да го прераскажуваат претставниците на Владата, туку тој треба да го почувстуваат граѓаните. Во актуелниот момент внатрешното средување на државата се поврзува со членството во Европската унија што е значително поволно бидејќи Унијата дава подршка и насоки во развојните тенденции, но во ниеден момент не треба да се постави прашањето што треба да правиме доколку не добиеме датум!

Целото интервју заедно со интервуата на Драган Тилев и Малинка Ристевска – Јордановска на следниот линк

Аналитичари за МИА: ЕУ не ја искористи можноста да го поправи својот кредибилитет, а ние не смееме да се откажеме од генерациските стратешки цели