Дефинирање на поимот циркуларна економија и појаснување на нејзините главни области беше тема на денешната обука за циркуларна економија во рамките на серијалот обуки на проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ поддржан од општина Аеродром, а финансиран од страна на ЕУ во рамките на проектот „Clean AirDrom “– Нула отпад во општина Аеродром. Ова е прва обука од серијал на вкупно четири обуки наменети за наставниците и учениците од четири училишта на територија на општина Аеродром: ООУ „Димитар Македонски„; ООУ „Гоце Делчев“; ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Љубен Лапе“.
Преку обуката, наставниците и учениците имаа можност да се запознаат подетално за концептот на таканаречената „кружна економија“, нејзините карактеристики и бенефити за пошироката заедница. Професорот од Економскиот факултет во Скопје, Љубомир Кекеновски, кој ја водеше обуката, зборуваше за тоа што значи овој концепт во глобални, но и национални рамки, презентирајќи конкретни примери преку кои наставниците и учениците подетално се информираа за циркуларната економија.
На обуката беа презентирани начини за рационално користење на ресурсите, рециклирањето и правилното менаџирање на отпадот.
Преку проектот „ЕКО – УЧИЛИШТЕ : ДА УЧИМЕ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА“ учениците и наставниците од четирите основни училишта на територија на општина Аеродром ќе се запознаат со моделот на циркуларна економија со цел да го применат во нивните училишта како пилот-училишта за промоција на циркуларна економија.
Целата презентација можете да ја погледнете овде